ПРЕС – Додека народот тоне во сиромаштија, народните претставници пливаат во лој

Во вторник, 29  декември, во 11.30 часот Иницијативниот одбор на ЛЕВИЦА ќе одржи прес конференција во Жена парк, наспроти Собранието на Република Македонија. На пресот Иницијативниот одбор на ЛЕВИЦА ќе им упати новогодишна честитка на пратениците и функционерите и ќе им порача дека во Новата 2016 година ќе се потруди, колку што може повеќе, да ги оневозможи да уживаат во привилегии и високи плати додека народот тоне во сиромаштија.

Пратениците во Собранието на Република Македонија и функционерите во Владата на Република Македонија и по сите други институции земаат превисоки плати и уживаат преголеми привилегии. Наводно, тоа било нужно за да се спречела корупцијата. Но, очигледно, тоа воопшто не помогна да се намали корупцијата. Напротив, само создаде ситуација каде народните избраници немаат слух за проблемите на народот, уживајќи во комоција овозможена од народни пари.

Ви стоиме на располагање за дополнителни информации.

11220926_1078139238892975_1957489633324792543_n

Најнови објави