Лажното политичкото водство во Македонија – Зошто Левица нема лидер

Водство (наречено и лидерство од англиски leadership) —процес на општествено влијание во кој една личност ја придобива соработката и поддршката на останатите во остварувањето на заедничката цел.

Доволно е да се прочита општата дефиниција за да стане јасно во каква илузија сме последните 25 години, бидејќи пирамидата на цели е свртена обратно. Прво се исполнуваат личните, па партиските и на крај (многу ретко) државните т.е. заедничките цели.

Ова се приказни за мали деца, од кои и големите се срамат и не ги раскажуваат….

377737_4539633769926_1354963489_n

Лидер се станува, не се бира

Све је мутно као какао – СДСМ

А све почна ко на заебанција. 1992 година, кога Петар Гошев го врати мандатот за формирање влада. Тоа е ко у 90-та минута наместо да шутира пенал, капитенот да го напушти теренот бидејќи еден од поискусните соиграчи ( Стојан Андов ) му укажува каде да шутира. Во општата збунетост, некое младо момче од публика ( значи не од резервната клупа) се пријавува, дава гол и влегува во историјата на РМ. Клучен момент во поновата македонска историја и фаќање општа удолница. Исклучокот станува правило, партиските лидери прво се бираат на внатрешни избори со нејасни критериуми, а потоа се докажуваат. Ех, а Перо стана колумњар во рубриката „Шта би било кад би било.“

Тоа лето ‘92, по оставката на Петар Гошев, за претседател на СДСМ беше избран Бранко Црвенковски со неполни 29 години. Претпоставувам дека главен критеруим било тоа „шо најбоље” играл баскет од Карпош 1 до Влае, т.е. растурал на Коменски (а знам дека не е така). Партиски докажаниот Гошев се замени со дотогаш непознатиот БЦ, во чие CV се запишани само 1-2 години работен стаж во неговата фирма Семос и 1,5 година пратенички стаж. Старите волци од типот на Тито Петковски, останаа по страна сметајки дека брзо ќе изгори. Му требаа пар години да ја научи играта и целосно да се осамостои, а гледачите од партијата останаа со прстот во уста. Како никој друг во македонската политика доби и втора шанса , кога на 15-ти Септември 2002 год., „одлучи народот”. Ратите од таа грешка уште ги плаќаме. Остана познат у народот како дечко со ‘аризма.

Следниот избран „лидер” на СДСМ е Владо Бучковски, кој од 1998 година активно влегува во партијата и за 6 години (до ноември 2004 година) да дотурка до двојна титула, партиски лидер и премиер. Левел Гвардиола. Иако и неговото досие е релативно празно, сепак е многу побогато од она на БЦ и има запишано повеќе функции: „експертски” соработник на Собранието на СРМ со 25 години ?! (и во 1988 г. имало такви работи – експерти со 25 години, барем така пишува во неговата биографија), па демостратор, асистент до вонреден професор 2003 год. Паралелно врши и политички функции член на ДИК (1998-2000), па заменик шериф (Претседавач на Советот) на Скопје (2000-2001) и од 2001-2004 министер за одбрана (мал дел во широката коалиција, остатокот во владата предводена од СДСМ). Со изборот на БЦ за преЦедник во 2004 г.Бучко станува премиер со прекарот Мистер Твенти Просент. Нешо као Фифти Цент, ама још боље.

Од историско гледиште, метеорски лет  и идризовски слет. И за двамата. Едниот сеуште у фиока, а за другиот сепак има Надеж. Еден и два, најмалку.

mkd-108686

Кога играта ќе стане поголема од играчот- ДПМНЕ

Празнотија во биографиите е својствена и за другиот на клацкалката наречена власт, ЖМРО-ДПМНЕ. Летото 1990 год. кога се формира ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски има 24 години и е благонадежен поет. Речиси сите други значајни основачи имаат досие во ДБК заради македонизам (некои и со отслужен затвор), па игледа дека е избран за „лидер” оти најхубаво рецитирал еротска поезија с’с гољамо качество. На 25 години со празно CV (1991 год) станува и Потпретседател на Претседателот на РМ, функција која је измислија само за да се задоволи тогаш најголемата партија во Собранието. Секогаш се нагласуваше дека е потпретседател на претседателот, а не е потпретседател на РМ. И после глупо изгледа кога децава бркаат покемони. Македонските политичари бркаа покемони уште во 20-тиот век. Авангарда човече! Па Спиро, Диме и оној од ДоРјан се ветерани за потпретседателот.

Исто како и во СДСМ поискусните сопартијци се држат на страна, во овој случај од разбирливи причини, па слаткоречивиот ЉуБпчо за  година и пол пратенички мандат и три месеци прва пратиља на Глигоров станува неприкосновен во партијата. Со 4 години опозициски вонсобраниски лидер (1994-1998) ја зацементира власта во партијата. Со возењето на почесниот круг на плоштад во товарниот дел од тамчето (со коалициониот партнер Циле Тупурковски) при прославата на победата 1998 г. си ја довери улогата на месија. Единствено што спаси беа народните пари кои ги паркира низ белиот свет на негова сметка. А Дончев му играше по берзите, ред злато , ред акции. И ние си добивме Ворен Бафет. Реков и пак ќе речам, ништо побогат од „средно богат бизнисмен”. Едноставно нели?

По нерадото одењето во пензија на поетот-бизнисмен (2004 г.), остана празно директорско место во тогаш малата фирма, а сега корпорација ВМРО-ДрПнавМеНиЕ (од Телеком највише). Поради нерешен резултат за избор на директор, во скопска Панорама, во корист на Марјан Ѓорчев и интервенцијата на полициските алфи, пратени од тогашниот премиер Бучковски се оди на второ полувреме на Охридско Езеро. Во тие Игри без граници (за малите деца тоа е Wipe Out од 80 и 90-тите) главен критериум за избор е при превртувањето на кајчињата  да се остане сув и непијан од водата. Сега знаеме кој остана сув, а ни вода не се напи. Никола Груевски воопшто не се ни качи на кајчето, ама беше „избран за лидер”. Со (демек) 2-3 годишно искуство во Балканска Банка и брокер на тазе отворената Македонска Берза станува министер за трговија (1999-2002 г.). Следат четири години во опозиција од кои 2 како лидер на партија со “нож во грбот” (демек ЉуБпчо го заебал), сите во фирмата Аналитико АИ ДОО Скопје, во која не работи ништо оти тоа е мало ОЗТ на партијата, а директор му е Ален Зекиров. Прилив редовен на жиро сметка, плата редовна, работа јок. Од наивен дечко, на кого сите му се потсмеваа се престори во Пастир-монструм. Тек ќе се отвара Пандорината кутија.

Од психолошко гледиште и двајцата се со дијагноза, едната се лечи со таблети, а другата незнам дали со копач по глава или у Демир Хисар за навек. Овде нема надеж, ама има СЈО. Прво парите назад, па лечење у државна институција.

narod vlast.preview

Синдром ружно детињство

После таквиот избор, лека полека се билда егото и сите можни ситуации познати од историјата (од Нерон и Калигула навака) излегуваа на виделина. Од секс во секоја можна прилика, посебно во станот во Лепотиците на Вардар; возење во пијана состојба и лупање со глава у шофершајба; целосно кршење на кабинетот; купување плацови на Водно; секс со секретарката во кабина на амерички воен брод, после и брак со неа; па се до денешниот квази Дизниленд 2014 како круна на синдромот ружно детињство. По се изгледа растењето у самачкото у Сараево или детство у Делчево се гола вода у однос на растење у скопска приградска населба. Изгледа јадењето ќутек од Новица Биоритам е пресудно.

Синдромот ружно детињство и „заеба“ мајката на Македонија и на многу генерации.

Его трип филм приказуе

Поради немањето на континуитет т.е непренесување на знаење и искуства од постарите политичари се направи еден калап на политичари (без разлика на политичка ориентација и етникум) кои личат на руските кукли матрјошки. Сите влезени у филм на свезналци и месии, без знаење и морал, а со скриена суета  и огромна самобендисаност. Сите во филмот на голем лидер ко Тито, а државата е едно големо маало, каде секој со секого се познава. Прашање на време кога сите ќе дознаат, а они возат филм до коска. На секој политичар, почнувајќи од селоначалниците па нагоре им ги знаеме главниот телохранител и шофер. Само на Балканите јавноста ги знае по име и лик овие дебеловратести, кои тераат малку политика, а повеќе бизнис. Врвот е станување на кумови со главниот телохранител, и по стариот обичај на крај “лидерот” го заеба кумот. Толку од ‘аризмата. Но што да се очекува од малите луѓе. Дно.

Уште поголем проблем е што сите дворјани околу нив го прифаќаат тоа како нормално и им прават царски метании. Еве еден школски пример за градење на култ, т.е. СВОЗ на лидерот, кој го гледав у живо. Директорката на школото ги имаше наредено децата од повисоките одделенија у шпалир кога пастирското првооделенче со соучениците одеше од свечаната сала до училница на првиот час. А за њуму идев Тити и Џованка Пастирска. Чекав од негде и штафетата да се појави, ама изгледа ќе дојде овој 01.09, кога второто чедо пастирско ќе оди првооделенче.

Тамам ќе помислиш дека е допрено дното, тонеме уште малку. Како поинаку да се протолкуваат “лидеројавленијата” (де со лопата, де на стадион, де за Успение) и величањето на порталите и докажување на кого му е поголем…..а лопатата.  

Со ГоспоТ напомош 111 Амин 111

stecajci

Нема  тим, нема одговорност, нема жени лидери

Две работи кои се дел од поимот водач (лидер),а ги нема во карактеристиките на „избраните” лидери – тим и одговорност. Секогаш кога треба да се преземе одговорност, топката се префла на некој друг ( природна непогода, законот донесен од Кљусев или СДСМ…), а најќејфски им е да го натоварат магарето  („Народот ќе одлучи”; „Народот е во право и кога греши”). Бидејки „избраниот” е безгрешен, не му треба ни тим од соработници. Он све си знае, а и тие што се околу него му служат за декор.

-Шефе го стави ?- Да. -Леле, ама ти е голем шефе!

Бар да гледаа Македонски народни приказни, ќе знаеа дека секој цар си има Совет од мудреци.

Краткиот лидерски стаж на Шеќеринска и немањето на жена премиер (в.д. премиер не се важи), претседател на Собрание или држава е само уште една потврда за тоа какви лидери се бираат…

У света и при нас (Врло веома добро ≠ Much very good)

Политичкото лидерството не е во криза само во Македонија, туку и во целиот свет. Од една страна се безкрвни и безидејни бирократи, а од другата новиот бран на убаво спакувани диктатори. Да се направи тест за Славољубие, Среброљубие и Сластољубие, како основни предизвици за лидерството, сите ќе паднат. Судирот на тие два концепта доведува до долготрајни кризи и војни и по правило обичниот човек ја плаќа цената.

Кога нашите ќе ги ставите на светскиот кантар, прво што ќе ви падне во очи е дека никој не разбира латиница. Не е прашањето дали знаат некој странски јазик, туку дали се запознени со светските трендови и дали бар малку ги разбираат. А одговорот е тиквари без корен.

unnamed

Последниот Мохиканец, Заев

Во месеците што следат на политичка сцена ќе остане само уште еден „избран лидер”, чии денови се избројани. Иако има најдобри намери и карактерни особини од сите заедно од великата четворка, сепак начинот на кој функционира се околу него, нема да ги донесе очекуваните промени. Во нормална демократија со изјавата „Ќе јадеме живи луѓе!”, политичката кариера веќе ќе му беше завршена. Со појавување на Груевски пред суд ќе почне процесот на чистење на загадениот општествен простор, промена на свеста и поставување на темели за изградба на систем на вреднoсти од кој ќе изфилтрираат и профилираат идни лидери.

Сепак имаме лидери во секојдневниот живот, но не ги препознаваме и сите очекуваме еден месија кој ќе ги реши сите наши проблеми, наместо активно да се вклучиме и сами да се потрудиме. Некои модерни автори нагласуваат дека се јавува потреба од „соработувачко” лидерство, каде младите луѓе ќе се чувствуваат како дел од одлучувачкиот процес и ќе ја обликуваат општата визија. Харизмата, имиџот и стилот како одлики на водачот, треба да се заменат со карактерност, скромност и услужливост. Заради тоа треба што поскоро да почнеме со барање на нов вид на водство, кој ќе вклучува соработка, скромност и услужливост, а безцелната потрага по следниот избран „Голем Лидер“ конечно да заврши.

Почнуваме од ново!


Владимир Куновски,
член на ЦК на Левица

 

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

 

 

Најнови објави