ДОМА Соопштенија и реакции Покана за прес – Регулација на македонското извршно право

Покана за прес – Регулација на македонското извршно право

0

Почитувани новинари и претставници на медиумите,

Политичката партија „Левица“ денес, понеделник (5 декември 2016 година), во рамки на својата предизборна кампања, ќе одржи прес-конференција пред Комората на извршители на РМ, на булевар „Илинденска“ (во близина на Владата на РМ) – сакајќи да ги актуелизира темите од нејзината програма од секторот „Правосудство“, насочени кон регулација на македонското извршно право, кое е едно од најстрогите во Европа.

По тој повод, во духот на избалансираното медиумско информирање, ги повикуваме новинарите од вашата редакција да ја проследат оваа прес-конференција која ќе започне во 12:30 часот.

Ви стоиме на располагање за повеќе информации.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде