Продолжува судскиот прогон против истакнати членови на Левица

Денес, вторник, 24 јануари 2017 во 11.30 е закажано ново рочиште на судскиот процес против Мариглен Демири поради учество во протестите минатата година.

Протестите одамна завршија, но судскиот прогон против истакнати членови на Левица продолжуваат. Покрај Мариглен Демири, судски процес за учество на протестите се води и против нашите членови Здравко Савески и Владимир Куновски.

Левица претставува трн во окото за многумина. Се применуваат различни методи да се спречи нејзиниот раст, посуптилни и помалку суптилни. Помеѓу тие методи е и поведувањето на судски процеси против членови на Левица и нивно одолговлекување до недоглед. Но ние порачуваме: нема да потклекнеме, нема да нè скршите! Нашето време доаѓа!

Најнови објави