Советникот на Левица за еколошките проблеми во Карпош

На последната седница на Советот на општина Карпош, нашиот советник Бранко Ристов повторно ги актуелизираше еколошките проблеми со кои се соочуваат жителите на оваа општина. Како што претходно објавивме преку слики испратени до наши членови, бројот на диви депонии расте во населбата Нерези каде камиони исфрлаат градежен шут несанкционирано од институциите. Недозволиво е локалните власти да не се запознаени со локалните загадувачи и да не преземаат никакви механизми за нивно лоцирање. За таа цел, нашиот советник побара да бидат преземени мерки и зголемен надзор во овој дел од општината.

Во однос на енормната загаденост на воздухот во општина Карпош за време на летниот период, советникот на Левица постави прашање до локалните власти дали имаат анализи и соодветна стратегија за лоцирање и справување со загадувачите кои ги трујат жителите на општина Карпош и за време на летниот период. Вообичаените изговори на Владата дека воздухот го загадуваат домаќинствата веќе не се легитимни, со оглед на алармантните состојби со воздухот за време на летниот период.

Добиените одговори од општина Карпош ќе бидат јавно објавени со цел и јавноста да има увид во работењето на локалната власт.

Соопштение на ЛО Карпош.

Најнови објави