Прогрес на копче

Реџеп Исмаил Хактан
Член на Президиумот

Деновиве, повторно се јави една шака јада на НГО-ашки прогресивци, кои, како и секогаш активирани на копче од центри со гравитација околу Калето, ја заиграа улогата на левичари. Оваа класа на професионални активисти и платеници во борбата за „човекови права“, користејќи го националното прашање како лакмус за левичарство, ги етикетираа како националисти сите оние кои застануваме во одбрана на националните интереси на Македонија, кои интереси се загрозени меѓу другото (општата социјална состојба на народот, девалвација на јавните институции и се она што доаѓа со капитализмот и приватизацијата) и од национализмот и трибализмот на одредени помали етнички заедници како народи на Република Македонија.

Тоа што овие дрвени левичарски филозофи не знаат или намерно ја избегнуваат улогата на националното прашање во борбата против империјализмот може и да им се прости. Едноставно, тие ја усвоиле онаа прекуатлантска (НАТО-вска) концепција за левицата, која не задира во материјалната подлога (економските односи) како база на културната надградба. Но, прашањето е зошто сега, како и секогаш, тие молчат за националистичките избливи на албанските партии?! Еве, како најсвеж пример за нивниот подмукол молк, дали за нив комунистичкиот поет Вапцаров е националист, а УЧК националистот Елези е пример за правилната политика во однос на националното прашање?!

Д(Б)ругари молависе! Па албанскиот национал-шовинизам, освен што е маша на НАТО империјализмот на овие простори, а особено во Македонија, тој дури и одамна стана државна политика на Македонија. И тенденциите на неговото развивање не само што ја разбија националната кохезија на државата, туку во опасност ја доведоа и унитарноста на самата држава, а во последно време, преку липтард баграта каква што е собрана околу „мултиетничката“ партија СДСМ, која нема никаква идеологија, план, визија или било каков став за било што ОСВЕН болна желба за власт, правејќи пазар со ваквиот трибалистички национализам, претендира дури и целосно да го уништи македонскиот културен идентитет на државата!

Да за АСНОМска Македонија-НЕ за НАТОвска Бановина!

Најнови објави