На меѓународниот ден на жената да се потсетиме зошто го славиме

Виолета Аврамоска
Член на Централен Комитет

Денес на меѓународниот ден на жената, да се потсетиме зошто го славиме.

Да се вратиме во далечната 1911 година, кога за прв пат беше прославен 8-ми Март.Да се потсетиме на Клара Цеткин, истакната германска левичарка и нејзината блиска соработничка Роза Луксембург, кои го посветија животот на борбата против дискриминација на жената, на борбата за добивање демократско право на глас на жената.

На овој ден, да се потсетиме на Вера Циривири Трена, Ибе Паликуќа,Јасна Ристеска и други жени, знаени и незнаени, кои рамо до рамо со своите соборци застанаа во првите редови на браникот на татковината. Храбро,како вистински херои ги дадоа своите животи во борбата против фашизмот, во борбата за слобода на нашата АСНОМСКА МАКЕДОНИЈА .

Ова не е ден за скапи подароци, ни ден за скапи буржујски забави.Ова е ден кога жената работничка треба гордо да ја исправи главата,силно да ја стисне својата тупаница и громогласно да извика:
СТОП !- за жестоката и немилосрдна експлоатација од страна на газдите капиталисти
СТОП !-за социјалната неправда и социјалната нееднаквост
СТОП!- за секаков вид дискриминација
СТОП!-за секаков вид насилство над жената

Нашето ,,СТОП” мора силно да се слушне. Тоа е крик на жената работничка, жената – столб на семејството, жената – столб на општеството.Тоа е крикот за правда – ЗАШТО МЕСТОТО НА ЖЕНАТА Е ВО КЛАСНАТА БОРБА.

С Р Е Ќ Е Н 8-ми М А Р Т!

Најнови објави