Дали модната конфекција „Елина“ од Велес врши притисоци врз своите вработени?

Откако објавивме за несовесно работење во конфекцијата „Елина“, добивме нови пријави од работници кои ги потврдија големиот број на злоупотреби при работниот однос и експлоатација на работниците во оваа фирма.

Имено, тие истакнаа дека во оваа фабрика се вршени притисоци и закани до вработените со што над 60 работници биле приморани да потпишат нови договори, со кои што од договори на неопределено време добиле договори на определено време. Оние кои што не ги потпишале биле предмет на мобинг и санкции од страна на газдите.

Интензивната законска експлоатација која се врши врз работниците и импотентноста на надлежните институции за нејзино санкционирање е само доказ дека власта и државниот апарат се узурпирани во шака моќници кои ги претставуваат интересите на капиталот – додека работникот робува во немилосрдни услови!

Најнови објави