Нема средства за младите специјализанти, а има за новогодишно украсување!?

Со месеци наназад слушаме и читаме колку многу е под контрола состојбата со пандемијата и дека надлежниот министер е загрижен за истата од дното на срцето, дури до небото. Во исто време ги слушаме и ги читаме апелите на потресени пациенти и нивните семејства кои укажуваат колку е очајна состојбата во македонските болници. 

Небаре од различни планети потекнуваат министерот и пациентите. Само околу една работа се согласуваат: во болниците очајно недостасува медицински персонал. 

Во таква ситуација логично е да се мобилизираат сите расположливи човечки ресурси. Логично е тие кои ја избрале благородната професија и дале заклетва да се јават на повикот. Младите специјализанти исто така. Но, никој не може и не смее да очекува од нив да втрчаат во ковид центрите како бомбаши самоубијци на минско поле. Овие млади луѓе и лекари не му се потребни на општеството само сега! Тие се идината на македонскиот здравствен систем. 

Затоа шокира начинот на кој истите се третирани. Со години наназад ЗЛС (Здружението на лекари специјализанти) апелира и укажува дека нивната состојба е апсурдна- лекуваат и се усовршуваат, а во исто време немаат здравствено осигурување. И сега, кога нивната работа би била особено драгоцена, Министерството за здравство повторно нема слух за нив. Слух нема, пари за здравствено осигурување – околу 25.000 евра месечно – нема, ама затоа има камшик. Специјализантите се жртви на мобинг, закани, уцени и притисоци да се вклучат со работата во ковид центрите, при што, во случај на болест самите ќе ги ги сносат трошоците за лекување. Додека го одбијат ова, надлежните им се закануваат дека ќе им биде прекината специјализацијата. 

Да потсетиме: трошокот за здравствено осигурувањее за околу 200 специјализанти изнесува 25.000 евра месечно, додека стотици илјади евра ќе бидат дадени за новогодишно украсување во услови на здравствена и економска криза!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
3 декември, 2020
 

Најнови објави