Немојте да си играте со маката на тутунарот

„На земјоделието потребна му е, или раката на ситниот земјоделец кој живее од својот труд или контрола од страна на здружени производители, односно земјодлески задруги.“ – Карл Маркс

Во капитализмот, под притисок на приватниот капитал, земјоделците, без ресурси, со вложување на целиот свој живот и макотрпен труд, принудени се своите производи на зелената мафија да и’ ги продаваат по најниска можна цена. Поради ова, нивните производи, кои се продаваат на пазарот ширум светот, имаат многукратно поголема цена од вредноста која откупувачите ја плаќаат на примарните производители. И ваквата реалност ги става во потчинета положба самите земјодлеци како производители.   

Пример за ова е токму годинешната цена на тутунот. Имено, на самиот почеток од откупот на тутун за овогодинешната реколта, сведоци сме на крајно разочарувачки пресметки на класи и девалвирање на квалитетот како никогаш до сега во историјата на оваа витална гранка во стопанството на Македонија. И покрај задоволувачкиот квалитет на тутунот, сепак, откупните пунктови се дрзнуваат да ценат со две-три класи пониско од реалното! Како што истакнуваат и самите тутунари, причината за овој епилог е негрижата и беззаконието што самата влада го практикува во спрега со крупните сопственици од откупните компании, се со цел, разликата создадена преку ваквата ниска откупна цена на тутунот да заврши во нечии приватни џебови! 

Разочараност, неизвесност но и револт преовладува кај земјоделците на една од најтешките земјоделски култури за производство за кој принос и квалитет, како што велат самите тутунари, гарантираат со факти. “Немојте да си играте со маката на тутунарот!” е само една од изјавите на загрижените тутунопроизводители, кои веќе се презадолжени за репроматеријали и се спремни да го бранат својот род по секоја цена!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
4 декември, 2020

Најнови објави