Левица побара од Уставниот суд да ја укине функцијата на Артан Груби

Членот на Президиумот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, одржа прес конференција, на којашто ја информира јавноста дека, Левица поднесе претставка до Уставен суд за оценување на уставноста и законитоста на подзаконски акт, односно Деловникот за работа на Владата, којшто владата на СДСМ и ДУИ го променија во месец Септември и со тоа противуставно воведоа нова функција – „прв заменик на претседателот на Владата“, на којашто го поставија Артан Груби.

Со ваквите измени на Деловникот за работа на Владата, каде се предвидува нова ваква функција, Власта ги пречекорува уставните ограничувања на владата, како извршна власт и буквално со ваквото нејзино самоволие, таа врши еден вид централизација на целокупната власт во себе и покажува тенденција за доминација во сите сфери на општественото живеење, затоа што ова сериозно го нарушува принципот на тријалистичка поделба на власта, како темелна вредност на нашиот устав. 

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=_5mPRX_jeYs&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0axWGkDxs1CE8veZwFYfQaXZT_zx16wZJ0htwgIp1W54ufgrv0-ZMINsY

 

Најнови објави