Левица со повик до ООН да интервенираат во САД

Згрозени од вчерашните немири, поттикнати од обвинувања за нефер избори, во поранешните британски Тринаесет Колонии, политичката партија Левица изразува загриженост за состојбата на демократијата во северноамериканскиот регион.

Снимките и сликите како демонстрантите насилно влегуваат во законодавниот дом, како и фактот дека има извештаи за престрелки со огнено оружје во него кои резултираа и со човечки жртви, се показател дека локалните пост-колонијални власти не се способни да го зачуваат мирот, просперитетот и демократијата во нивната држава.

Левица апелира до Советот за безбедност при Обединетите Нации под итно да испратат мировни сили и да воспостават контрола врз ситуацијата се до оној момент во кој меѓународната заедница ќе оцени дека има услови да се одржат фер и демократски избори.


Сектор Надворешна политика и безбедност – Левица

Најнови објави