Левица Дијаспора

„ЛЕВИЦА ДИЈАСПОРА“ претставува мрежа на клубови насекаде низ светот каде што живеат и работат државјани на Република Македонија и дејствува како постојано помошно работно тело на политичката партија ЛЕВИЦА.

Дел од целите за кои е формирана Левица Дијаспора се следните:

  • Меѓусебна и постојана комуникација во насока на размена на идеи и искуства од областа на културата, политиката и економијата;
  • Анимирање на младата популација во дијаспората како извор на идеи, стручност и интелектуален потенцијал;
  • Откривање и регрутирање на докажани стручни кадри во дијаспората со македонско потекло и нивно ангажирање во активностите и програмите за помагање на матичната држава;
  • Афирмирање на Македонската заедница на секакво поле во државите во кои живеат и работат нашите иселеници;
  • Покрај промоција на македонската култура и традиција како засебна со сите нејзини карактеристики на национална култура, потенцирање на македонската историја и национална борба како дел од анти-фашизмот и анти-империјализмот;

ЛЕВИЦА ДИЈАСПОРА, односно нејзините клубови се организирани и работат според Статут и Деловник и во склоп на позитивните законски норми на државата во која живеат и работат, и тие се во постојана комуникација со матичната партија ЛЕВИЦА, која е регистрирана во Република Македонија.

Работата на сите задгранични комитети ја раководи и координира Комесарот на Левица Дијаспора, кој го назначува Президиумот на Левица, и е член на ЦК на Левица,по функција.

КОНТАКТ ЛИЦЕ:
Бобан Пашовски
+467 298 492 21